Како да им ги собереме парите на српските туристи?

Петар Печков

 Во работна посета на Велес престојуваше новиот српски амбасадор во Македонија, Томислав Ѓурин. Тој при посетата изрази надеж дека ќе се најде начин српските  туристи, кои годинава по визната либерализација ќе летуваат во Грција и Турција, дека ќе застанат на час одмор во Велес и ќе ги посетат неговите бројни културни споменици и објекти.

Според пресметките на српската амбасада, тие очекуваат годинава два милиони нивни граѓани годинава како туристи да минат низ Македонија, лани ги имало еден милион.    

Во посета на Велес престојуваше и францускиот амбасадор Жан Клод Шлумберже, кој пак се погрижи за францускиот јазик и негова поголема  локална афирмација, преку пеење пригодни француски шансони.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати